Search

Канибалите од Јужна Африка осудени на доживотен затвор

Нино Мбата и Лунгисани Магубане оф Јужна Африка, кои минатата година признаа дека јаделе луѓе, во средата беа осудени на доживотен затвор.

Судијата Питер Олсен им изрече казна затвор на двајцата мажи за убиство на Занеле Лашвајо, велејќи дека тие се виновни за извршување на најгрозоморно криминално дело.

Бидејќи во Африка не постои директен закон против канибализам, на Мбата и Магубане им се судеше за убиство и поседување човечко ткиво.

Во обвинението се наведува дека Магубане му пристапил на Мбата, кој инаку се бави со традиционална Јужноафриканска медицина, барајќи од него да му помогне да се стекне со среќа и богатство. Мбата му предложил да најде жена или дете бидејќи предците тврделе дека за таа цел мора да се пролее крв.

Според обвинитлите, 25-годишната Лашвајо била убиена од страна на Мбата со помош на Магубане, а нејзиното тело било распарчено и искористено за традиционална медицина.

Треба да знаете
Последни објави