Search

Кандидатот на Ердоган го призна поразот на изборите за градоначалник на Истанбул

Кандидатот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Бинали Јилдирим, денеска го призна поразот на локалните избори во Истанбул откако беа објавени првите резултати од гласањето, кои му даваат голема предност на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу.

Според прелиминарните резултати по 96,79 отсто обработени избирачки места, во водство е со Имамоглу со освоени 53,8 отсто од гласовите. Кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот, Бинали Јилдирим, освои 45,29 отсто. На изборите во Истанбул гласаа 84,39 отсто од регистрираните гласачи.

Според податоците на Врховната изборна комисија, правото на глас на денешните избори во Истанбул имале 10.560.963 регистрирани гласачи, кои гласале на 31.342 избирачки места.

Изборниот ден во Истанбул измина со зголемени безбедносни мерки и без поголеми инциденти, а прелиминарните резултати од изборите се очекуваат вечерва.

-Според резултатите, мојот противник Екрем Имамоглу води. Му честитам и му посакувам среќа. Се надевам дека добро ќе му служи на Истанбул, изјави Јилдирим.

Гласањето во Истанбул е тест за популарноста на Ердоган, кој претходно изјави дека оној кој победил во Истанбул ја освоил цела Турција.

Локалните избори во Турција се одржаа на 31 март оваа година.Имамоглуги освои изборите со минимална разлика од 13.000 гласови.

Од тогаш партијата на Правдата и развојот АКП на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, чиј кандидат Бинали Јилдирим ги изгуби изборите во финансискиот центар на Турција, се жалеше на изборни нерегуларности. На 6 мај Врховната изборна комисија на Турција донесе одлука со која ги поништи резултатите од мартовските избори за градоначалник на Истанбул и нареди повторување на изборите за таа функција.

Треба да знаете
Последни објави