Search

Кандидати за полициски службеници ќе се обучуваат да регулираат сообраќај

Кандидати за полициски службеници по претходно изготвен план, а како дел од курсот за основна обука за полициски службеник што во моментов се одвива во Центарот за обука во Идризово, од утре ќе бидат на практична обука за физичка регулација на сообраќајот на неколку централни крстосници во Скопје.

Како што соопшти МВР, во периодот од 09.00 – 15.00 часот утре, на 21, 22, 27, 28 и 29 мај годинава на крстосниците кај Сајмиште, Железничка станица, Црвен Крст и Стара Рампа, кандидатите за полициски службеници заедно со четворица полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализираат практична обука за физичка регулација – физичко регулирање на сообраќајот, каде што секој кандидат треба да регулира сообраќај заедно со полициски службеник околу пет до 10 минути.

За таа цел од МВР ги замолуваат граѓаните да имаат разбирање и трпение кон кандидатите за полициски службеници при изведување на практичната обука.

Треба да знаете
Последни објави