Search

Канаѓанка обвинета за закани кон американскиот претседател

Против Канаѓанката Паскал Ферие, која беше уапсена под сомнение дека испратила писмо со рицин во Белата куќа, поднесено е обвинение за закани кон американскиот претседател Доналд Трамп.

Таа вчера првпат се појави на суд во Бафало, а судијата и нареди да остане во федерален притвор.

Таа беше уапсена во неделата кога се обиде да премине во Канада на граничен премин во државата Њујорк. Со себе носела оружје и нож.

Треба да знаете
Последни објави