Search

Канаѓаните не сакаат да плаќаат за трошоците на принцот Хари и Меган

Анкета објавена од Институтот „Ангус Рид“ во средата покажа дека 73 проценти од Канаѓаните не веруваат дека треба да бидат одговорни за покривање на безбедноста и другите трошоци за војводата и војвотката од Сасекс.

https://www.instagram.com/p/B7EaGS_Jpb9/

Само три проценти од Канаѓаните рекле дека се подготвени да ја финансираат двојката и нивниот син Арчи. Деветнаесет проценти од испитаниците рекле дека би биле во ред со плаќање на некои трошоци, но не сите. Пет проценти рекле дека не се сигурни по однос на тоа прашање.

Според „Еуроњуз“, експертите откриваат дека трошоците за безбедноста за принцот Хари и Меган Маркл би можеле да достигнат дури 10 милиони долари (7,6 милиони фунти) на годишно ниво.

Треба да знаете
Последни објави