Search

Канадски државјанин осуден на смртна казна во Кина

Канадскиот државјанин Су Вејхонг е осуден на смртна казна во Кина за производство на дрога.

Пресудата е донесена во време на зголемени тензии меѓу двете земји поради апсењето на директори на кинескиот гиган „Хуавеј“ во Канада.

„Канадскиот државјанин е осуден на смртна казна во првостепена постапка“, објави судот во Гуангджоу на официјалната веб-страница, пренесе „Ројтерс“.

Минатата година двајца канадски државјани беа осудени на смртна казна за производство и продажба на метамфетамин.

Треба да знаете
Последни објави