Search

Канадскиот премиер го напуштија четворица блиски соработници

Високиот официјален претставник на канадската влада, Мајкл Верник, во понеделникот објави дека ќе се пензионира по 38 години кариера. Тој е четвртиoт близок соработник што го напушта Џастин Трудо од почетокот на аферата СНЦ-Лавалин, најголемата политичка криза во Канада по изборите на премиерот во 2015 година.

„Поради настаните што се случија последниве неколку недели решив дека не можам да ја вршам својата должност”, рече Верник во писмото до Трудо.

Кризата доведе до оставки на двајца либерални министри, за правда и за финансии, како и најблискиот политички советник на Трудо, Џералд Батс.

Либералната влада на канадскиот премиер се брани веќе еден месец од обвиненијата на поранешнaта министерка за правда Џоди Вилсон Рејболд дека официјални лица минатата година ѝ вршеле притисок да ѝ помогне на градежната компанија СНЦ-Лавалин да ја избегне кривичната постапка.

Таа рече дека била изложена на „непримерени” притисоци за да не ѝ се суди на канадската компанија за корупција во Либија.

Треба да знаете
Последни објави