Search

Канадската Влада не им дозволува на Репторси да играат во Торонто

Канадската Влада го одби барањето на Торонто Репторс да игра кошаркарски натпревари во претстојната сезона во НБА лигата во тој град поради пандемијата на новиот коронавирус.

Таквата одлука е донесена затоа што во САД „кружи премногу вирусот Ковид-19″ за да се дозволи патување преку границата, што не е неопходно.

Според локални медиуми, постои можност во одреден момент следната година, таа одлука да биде преиспитана.

Натпреварите од сезоата 2020/2021 ќе ги играат во Тампа на Флорида, соопштија од клубот.

Треба да знаете
Последни објави