Search

Канада воведе дополнителни санкции за Владата на Мадуро

Канада денеска воведе дополнителни санкции за Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со што се опфатени 43 високи претставници.

Шефицата на канадската дипломатија Кристи Фриленд изјави дека меѓу 43 венецуелски високи претставници има и регионални гувернери, кои се вмешани во поткопување на демократските институции.

Канада веќе има воведено санкции за 70 граѓани во Венецуела поврзани со Владата на Мадуро.

Канада, САД и уште 50 држави го поддржуваат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кој бара оставка од Мадуро и нови избори.

Треба да знаете
Последни објави