Search

Канада бара одлагање на ЛОИ или нема да ги пушти своите спортисти во Токио

Канадскиот олимписки комитет (КОК) и канадскиот параолимписки комитет (ККП) побараа одложување на Олимписките игри кој летово треба да се одржат во Токио. Нивното барање за одржување на Игрите во нов термина е поради пандемијата во светот со коронавирус.

Предлогот на КОК и ККП Игрите во јапонија де се пролонгираат за една година. При реализацијата на овој предлог КОК и ККП се нудат целосно да учествуваат рершавањето на потешкотиите кои ќе се јават кај организаторот при одлагањето на ЛОИ.

-Нема ништо поважно од здравјето и безбедноста на нашите спортисти и меѓународната заедница. Не станува збор само за здравјето на спортистите, туку и за јавното здравје. Донесовме тешката одлука да не ги испраќаме канадските екипи на Олимписките и Параолимписките игри во летото 2020 година. Ние сме во епицентарот на глобалната здравствена криза, што е многу поважно од спортот, се вели во соопштението на Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Канада.

Во случај Игрите да се одржат годинава, ова ќе биде трета Олимпијада без канадски спортисти. Канада не учествуваше во Атина (Грција) 1896 и во Москва (Русија, тогашен СССР) 1980 година.

Треба да знаете
Последни објави