Search

Канабис бизнисот е поважен во СДСМ отколку здравјето на граѓаните

Интегрален текст од изјава на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Оваа Влада предводена од СДСМ е најштетната Влада што воопшто ја предводела Република Македонија. Оваа Влада предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче не ја интересира ниту здравјето на граѓаните, ниту пак иднината на државата. Оваа Влада ја интересира единствено бизнис иднината на соработниците на кланот Заеви. Јавно прашуваме уште еднаш. Зошто се молчи цела недела за доделените лиценци за фирмите ЕКО ЕНЕРЏИ КОСМОС и ЛАЈТИНГ ЛУКС, фирми каде менаџмент и сопствеништво се семејството на осуденикот за шверц Боро Стојчев од Ново Село и претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев?

Дали е вистина дека Владата на фирмите им доделила лиценци уште пред 1 месец, а објавена е одлуката во Службениот весник неколку недели подоцна, што е директно прекршување на законите?

Еве, јавно прашуваме да одговорат службите од Владата, дали конечно ќе се одважат ЈО, Антикорупциската Комисија и Уставниот суд да отворат случај за оваа спорна одлука на Владата каде што во време на пандемија и сериозна криза од корона заразата се делат лиценци за одгледување на марихуана на блиски луѓе до семејството Заеви.

На СДСМ единствено им е важна иднината на канабис мафијата и да цвета бизнисот на сите блиски луѓе до кланот Заеви. За криминалот и корупцијата одговорност мора да има и ќе има веднаш по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

 

Треба да знаете
Последни објави