Search

Камчев: Снимките се од Бугарија во август, сечени и извадени од контекст

Бизнисменот Орце Камчев, кој се јавува како главен сведок во случајот „Рекет“, потврдува дека негов е гласот што се слуша на аудио-снимките кои се појавија во јавноста. Како што вели тој во изјава за Фокус, станува збор за делови од поголем и подолг разговор, кој бил направен на средба во Бугарија кон крајот на август.

-Се работи за делови од поголем, подолг разговор од кој лесно се забележува дека, за жал, тенденциозно се сечени делови кои истиот целосно го вадат од контекст, а тоа придонесува да се создаде погрешна перцепција и погрешни заклучоци за кажаното, вели Камчев.

Целата изјава прочитајте ја на линкот Фокус

Треба да знаете
Последни објави