Search

Камчев си ги бара парите назад

Пред почетокот на рочиштето, полномошник на Орце Камчев изјави пред судот дека си ги бара парите назад.

– Мојот клиент се е приклучува кон кривичното гонење против тројцата обвинети и побарува оштетно побарување од 1,5 милиони евра рече адвокатот Александар Михајловски.

Но, по неговото излагање реагираше обвинителката Вилма Русковска која потенцираше дека Камчев не може да биде обештетен.

-Во конкретниот случај, за овие кривични дела има сведоци,  но не и оштетени, рече Русковска.

Судијката Васка Николовска Масевска додаде дека Камчев отштетата може да ја бара во други постапки.

Орце Камчев и неговата сопруга Ана во петок треба да сведочат во судот, а Рускоска во воведниот збор посочи дека можеби јавноста има впечаток дека тие побарале помош од Боки 13, но тоа не било така бидејќи тие двајца преку обвинетиот Кичеец се поврзале со Јовановски.

Треба да знаете
Последни објави