Search

Камчев се повлекол од директорското место во „Орка Холдинг“

Бизнисменот Орце Камчев се повлече од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“, покажуваат податоците од Централниот регистар, пишува „А1он“.

Тој се повлекол од дирекорското место, од извршен член на Одбор на директори, а останува единствено неизвршен член на Одборот заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа.

На негово место како директор на „Орка Холдинг“ доаѓа Антоније Мариноски, поранешен член на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

На барање на Специјалното јавно обвинителство,  за истрагата за „Империја“ беше замрзнат дел од имотот на „Орка Холдинг“, а Камчев има забрана за располагање со уделите во компанијата.

Треба да знаете
Последни објави