Search

Камчев: Покојниот кум ми кажа дека му дал 480.000 евра на Боки

Денешното рочиште наместо со сведочењето на Орце Камчев, почна со објаснувањето од Бојан Јовановски за неговата лоша здравствена состојба, но судот го прекина со образложение дека има подготвена медицинска екипа која ќе интервенира ако е потребно. Тој тогаш кажа дека му се повредени правата, а судот го упати да си поднесе кривична пријава оти судот не е место за тоа.

По него почна да сведочи Орце Камчев, кој пред судот се заколна дека ќе ја кажува вистината и нема ништо да премолчи.

Во август 2018 прв пат слушнав дека има нешто против мене кога ми се јави адвокатот Васил Димишков преку директор на една банка, иако и претходно имaше гласини. Тој ми кажа дека сум ставен на ПИ мерки и побара 100.000 евра да ми среди поблага мерка. Ако бара ОЈО притвор, ќе ургирал да добијам поблага мерка. Јас го одбив оти знам дека не сум направил ништо. Империја е исконструиран случај од Боки13 и Катица Јанева. Боки 13 ја одби нашата понуда од 40.000 евра за реклама за Аџибадем Систина, па потоа пак се сретнавме по негово барање за финансирање на изградба на шопинг молови. Локацијата била во Карпош 4 кај Гранит. Му рече дека немал контакти со градоначалникот Богоев, оти овој го заебал, иако овој му помогнал. Проектот чинел 4 милиони евра, а кога го одбив ми рече дека потписник е Лазар Јанев, син на Катица и ми кажа дека е паметно да размислам. Пак го одбив. Потоа беше понуда за старачките домови, пак со препишан проект од странство со нереални бројки, пак за 4 милиони евра па го одбив. Кичеец пак ми се јави и ми рече дека Боки е љут, па му платив 180.000 евра за реклама на 1 ТВ. Практично немаше реклaма туку рекет за да не пишуваат за мене ништо. Потоа пушти фотка негова со Јанева на Инстаграм со наслов нешто големо се спрема. И обвинителката Лиле Стефанова е вмешана во Империја преку Ванчо Чифлиганец барапе локал за ќерка и, не се само овие двајца тука, треба да бидат обвинети уште многу за Империја која е поради тоа што не сакав три пати да дадам рекет.

2,4,6 или 8 милиони евра за моја слобода е понудата која и е дадена на мојата сопруга Ана која ова и е понудено на средба со Димишков во еден стан во Капиштец каде е Боки и Кичеец. Втората средба е во некоја канцеларија каде бил и Јанев, и пак го нагласувал тоа

Третата средба е во Орман во стан каде е и Јанева каде паѓа закана дека ќе отвори уште 3,4 пријави против мене ако не даде пари.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави