Search

Камчев два часа ги броел „пееските“ оти во банките немало други

Во серијата аудио разговори што ги објави италијанскиот весник Ла Веритас поврзани со аферата „Рекет“ доминираат разговори меѓу првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, по чија пријава обвинителството отвори истрага за случајот и засега изрече два притвори.

Во еден од разговорите, Камчев му вели на Боки 13 дека парите му ги средил според спецификација и дека му ги скапувал во, како што вели, во соодветна торба на неговиот стајлинг – Луј Витон.

-Куферчево одговара на стајлингот, да не давам адидас торба- му вели Камчев на Боки, додавајќи дека два саата рачно му ги броел парите од по 50 евра, бидејќи такви имале банките и патем со ластиче му ги спакувал.

Треба да знаете
Последни објави