Search

Кампања за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Денот за пензиската свесност – 15 Септември денеска почнува низа активности за едукација за тростолбниот пензиски систем и подигнување на свеста за потребата од навремена одлука за вклучување во задолжителните и доброволните пензиски фондови, покрај Фондот на ПИОСМ.

-МАПАС преку различни активности сака да ја подигне свеста, особено кај младата популација, за потребата од навремено вклучување во тростолбниот пензиски систем и соодветно информирање на сите граѓани за најновите промени во регулативата што се однесува на капитално финансираното пензиско осигурување и следење на својата пензиска заштеда, се вели во соопштението од Агенцијата. Покрај тоа, како што потенцираат од МАПАС, фокус во работата ставаат и на зголемување на интересот за информирање за правата и обврските на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, како и за начините за добивање на навремени и релевантни информации за различните аспекти на членувањето во вториот и третиот пензиски столб.

Треба да знаете
Последни објави