Search

Камион удрил во пешак на паркинг во Кисела Вода

Камион удрил во пешак и тешко го повредил, вчера претпладнето на паркинг во Скопје

Според полицијата тешко бил повреден Д.И.(77) од Скопје кој веднаш по сообраќајката бил однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Првичниот увид утврдил дека сообраќајната несреќа се случила во 8.10 часот на паркинг простор на улицата Козјак во скопската населба Кисела Вода. Возачот Т.Т.(28) од Скопје, управувајќи камион „фиат фиорино“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешакот.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави