Search

Камион удрил во пешак кај Свети Николе

21-годишниот Л.А. од селото Ерџелија, Свети Николе, бил тешко повреден откако бил удрен од камион, вчера кај Свети Николе.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 20.15 часот, на магистралниот пат Велес – Штип, кај селото Кадрифаково. Камион „ивеко“ што го управувал З.М. (56) од Штип , удрил во пешакот Л.А.

Од ударот Л.А. се здобил со тешки повреди по што бил однесен во Медицинскиот центар во Штип, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави