Search

Камион прегази полицаец во Миладиновци

На 12.02.2020 во 15.30 часот било пријавено дека на влез во село Миладиновци, скопско, товарно моторно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.Т.(56) од Радовиш, удрило во полициски службеник, кој извршувал работни задачи.

Во незгодата со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави