Search

Камион прегазил две прилепчанки

На 10.12.2019 во 18.30 часот бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, товарно возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(47) од с.Лажани, прилепско, удрило во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.

Во незгодата, пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави