Search

Камерон Дијаз пронашла внатрешен мир откако престанала да снима

Актерката Камерон Дијаз откри дека го пронашла внатрешниот мир откако ги оставила филмовите за да се фокусира на својот личен живот. „Кога снимате филм, тие ве поседуваат,“ вели таа.

47-годишната Камерон, чиј последен филм беше римејкот на „Ени“ во 2014 година, дискутираше за своите животни избори во разговор со Гвинет Палтроу за „Гуп“.

Таа проговори за нејзината одлука да се повлече од шоу-бизнисот откако влезе во 40-тите години.

Во текот на интервјуто, Камерон рече: „Ги оставив филмовите за да можам да се фокусирам на мојот личен живот и повторно да бидам самата доволна на себе, бидејќи актерите се инфантилизирани во Холивуд.“

„Знаете ли дека актерите се инфантилизирани? Ние сме ставени во позиција во која други се грижат за нас, тие се грижат за сè. Најголемата животна промена ми овозможи да најдам мир во мојата душа затоа што конечно се грижев за себе “, откри Камерон.

Камерон се омажи за музичарот Бенџи Мејден во 2015 година по 10-месечна романса, а овој јануари ја дочекаа својата прва ќерка Редикс.

„Тоа е мојата работа. Имаше многу нешта што морав да ги средам, многу врски што морав да ги поправам, а исто така и врски што требаше да ги градам… сите работи од кои отсуствував во мојот живот.“

Треба да знаете
Последни објави