Search

Камерон Дијаз: Немаше да станам мајка ако не беше Гвинет Палтроу

Актерката на филмот „Има нешто во врска со Мери“ објави дека своето прво дете, ќерката Редик, ја добила во јануари со сопругот Бенџи Меден. Откако првпат стана мајка, актерката (47) откри кој е заслужен за создавањето на нејзиното семејство. Давајќи онлајн-интервју за брендот „Гуп“ на Гвинет, таа почна со: „Немаше да станам мајка ако не беше ти“.

„Би било: ’Немам деца’. А ти би рекла: ’Имајте деца, венчајте се, ќе имате деца’. Навистина беше упорна. Рече: ’Морате. Не разбираш. Ако не го направите тоа, ќе бидете тажни што не сте го строиле’. И затоа сум ти многу благодарна што не се откажа“.

Шегувајќи се дека тормозела, Гвинет продолжи: „Мислам дека можев да предвидам оти си родена да бидеш вистинска мајка. Некои жени не се, но ти си родена за тоа“.

„Па сето она од типот ’Нема да го сторам тоа’ беше само страв“, рече Камерон. „Бев само исплашена. Се плашев дека нема да најдам партнер. Немав среќа. Пред тоа немаше важни луѓе во мојот живот“.

Камерон отворено зборуваше за плановите за иднината на својата ќерка инсистирајќи на тоа дека не сака ќерка ѝ да се идентификува со атрибутите слатка и убава.

Камерон и легендата на бендот „Гуд Шарлот“, Бенџи, ја држат својата ќерка далеку од очите на јавноста уште од нејзиното раѓање и тие не споделуваат фотографии на социјалните мрежи. Актерката додаде: „Знам дека тоа е невозможно, но не сакам да има никакви одредници. Не сакам таа да се идентификува со придавки како „јас сум убава, симпатична сум“. Сакам таа да биде како ’јас сум!’“

„Кога ќе ја погледнам, сè што сакам е да ѝ помогнам да биде своја. Од ден на ден таа сè повеќе ми открива која е и јас само се обидувам да бидам во тек со неа. Мислам дека немаше да бидам ваков родител на 25 години“.

Треба да знаете
Последни објави