Search

Каменос од грчко-македонската граница: Соседите да сфатат дека Македонија е една и грчка

Министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, денес ги посети караулите на северната граница на земјата, а од граничниот премин Ники (Меџитлија, од грчка страна) упати порака до Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Каменос рече дека соседите ќе треба да сфатат дека “Македонија е една и грчка, а тоа е билетот кон иднината и просперитетот”.

-Грција сака да живее во мир, а соседите ќе треба да се разберат дека во нивен интерес е Грција, пријателски да е со нив, но во исто време ќе треба да разберат дека се додека провоцираат, се додека имаат иредентистички барања вратата на Грција ќе биде затворена. А вратата на Грција е вратата на Европа и вратата на Западот. Ќе треба да сфатат дека Македонија е една и грчка. Ова ќе им го даде билетот за да продолжат кон иднината и просперитетот, рече Панос Каменос. 

Треба да знаете
Последни објави