Search

Каменос: Грчкиот народ ќе го има последниот збор

 Споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор без разлика на референдумот и уставните измени, рекол Панос Каменос во неговото обраќање на неформалниот Самит на министрите за одбрана на ЕУ во Виена. 

Според соопштението од грчкото Министерство за одбрана, Каменос, кој воедно е и коалиционен партнер во Владата на премиерот Алексис Ципрас, рекол дека македонскиот државен врв излегува со „провокативни изјави“.

– Во неговото обраќање истакна дека скопските функционери, самиот нивни премиер и министерот за надворешни работи, со провокативни изјави против Грција спречуваат било каков напор за изнаоѓање решение. Споменувањето „македонска нација“ е спротивно на секој договор. Единствено што постигнуваат е да го налутат грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на референдумот и уставните измени во Скопје, соопштуваат од Министерството за одбрана на Грција.

Треба да знаете
Последни објави