Search

Камбовски: Би било невиден преседан доколку ЕУ ги прифати барањата на Бугарија

Академик Владо Камбовски, во интервју за Слободен печат, коментирајќи ја работата на македонско-бугарската комисија за утврдување на можноста за заедничко одбележување на настани и личности од историјатасмета дека е направена голема грешка што во преден план се пуштени историски теми кои биле дискутабилни и ќе останат како такви уште долго време.

Тој смета дека е беспредметно за идентитетот да се преговара. Во однос на толкувањето на историјата Камбовски вели дека „мора да дозволите можност дека постои „софиска школа“ и дека постои еднакво вредна „македонска школа“ на толкувања.

Оттаму Академик Камбовски вели дека би било невиден преседан доколку Унијата ги прифати барањата на Бугарија.

Целото интервју на Слободен печат

Треба да знаете
Последни објави