Search

Камбек на популарната серија „Кој е шефот“

„Кој е шефот“ (Who’s The Boss), една од најомилените телевизиски комедии на минатиот век, се враќа.

Оживувањето на ТВ-комедијата од 1980-тите е во развој во „Сони пикчрс“, а оригиналните sвезди Алиша Милано и Тони Данза се согласиле да ги репризираат ликовите Тони и Саманта Микели, силната врска татко-ќерка со која многу семејства ширум светот пораснаа во текот на 196 епизоди на „Еј-би-си“ од 1984 до 1992 година.

Оваа серија во просек имаше над 33 милиони гледачи во живо по епизода во текот на своите осум сезони на „Еј-би-си“ и стана голем хит во САД и пошироко. „Кој е шефот“ беше прогресивна во приказот на едно модерно семејство од 80-тите со промена на родовите улоги и стереотипи.

Серијата беше номинирана за 10 „Еми“ награди и пет „Златни глобуси“

Треба да знаете
Последни објави