Search

Камбаните на црквите во Франција биеја за жртвите од терористичкиот напад во Ница

Многу цркви ширум Франција, како во Стразбур, Мулуз, Ла Рошел, Нант, Лурд и Париз попладнево биеја во чест на загинатите во терористичкиот напад во Базиликата во Ница, јави дописникот на МИА, Оваа одлука доаѓа по апелот од Француската бискупска конференција (ЦЕФ), кој во својата изјава ги покани католиците да се молат за жртвите: „И покрај болката што ги зафаќа, католиците одбиваат да се предадат на стравот (…) Каде и да е можно, ѕвонењето на смртта на црквите во Франција ќе се огласат денес. Католиците се поканети на молитва за жртвите“. Во главниот град, се огласија камбаните на Нотр Дам, која сè уште е во реконструкција. Премиерот Жан Кастекс вечерва ќе ги прими претседателот на Француската конференција на бискупите Éрик де Мулин-Бофор, и парискиот архиепископ Мишел Опетит, по исламистичкиот терористички напад во католичката базилика на Нотр Дам, во Ница. Премиерот на тој начин сака „да сведочи за нив, и преку нив, целата Црква и католиците во Франција, на солидарноста на нацијата, се наведува во соопштението на Матињон. Премиерот, претседателот на француската епископија и архиепископот во Париз“, исто така, ќе разговараат за безбедносните мерки што ќе се спроведат за да се гарантира безбедноста на католиците на целата територија, особено во пресрет на комеморациите на „Ден на сите светци“, кога голем број на Французи ги посетуваат гробиштата, прецизира Матињон.

Треба да знаете
Последни објави