Search

Камала Харис почеста цел на дезинформации отколку Џо Бајден

 Кандидатката за потпретседател на САД од Демократската партија, Камала Харис,  почесто е мета на дезинформации од Џо Бајден, кандидат за претседател на САД од истата партија, или останати политичари мажи.

Според податоците на аналитичката фирма „Zignal Labs”, споделени денеска со некои американски медиуми, обемот на лажни наводи за Харис е четирипати повисок од обемот на дезинформации за мажите, кои од 2016 година претендирале да се номинираат за претседател.

Биле издвоени повеќе од еден милион споменувања со дезинформации насочени кон Харис, или четири отсто од општата дискусија на Твитер.

– Реториката за Камала Хорис е забележливо повеќе се гради околу нејзината личност, особено околу тој факт што таа е жена и не е бела, изјави раководителот на фирмата Џенифер Гренстон.

Во околу 300.000 твитови се тврди дека Харис нема законско право да биде претседетал на САД. Авторите на уште 300.000 твитови ја обвинуваат во тоа што таа користела лични односи за напредување во кариерата.

Истражувањето се заснова на анализата на споменувања според пребарувања и ознаки со лажни наводи за кандидати во социјалната мрежа Твитер. Сосема мал дел од лажните информација биле демантирани.

Треба да знаете
Последни објави