Search

Калин: Турција ги прекинува ископувањата во источниот Медитеран

Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин изјави денеска дека Турција ги прекинува истражувањата на нафта и природен гас во спорните води во источниот дел на Средоземно Море.

Според него, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара од своите соработници да бидат конструктивни и да ги прекинат ископувањата одреден период.

Калин истакна дека проблемот со Грција треба да се реши преку дијалог, а не со закани дека на Турција ќе и биде блокиран европскиот пат.

Минатата недела Турција најави дека планира да испрати истражувачки брод и два помошни, кои ќе извршуваат активности до 2 август во водите јужно од грчките острови Родос, Карпатос и Кастелоризо, што ги зголеми тензиите со соседна Грција и ги заостри критиките на САД , Франција и други европски земји.

Турција ја обвини Грција дека сака да ја исклучи од пристапот до наоѓалиштата на нафта и гас во Егејско Море и источен Медитеран, тврдејќи дека морските граници за комерцијална експлоатација треба да се поделат меѓу грчкото и турското копно и без вклучување на грчките острови на еднаква основа.

Треба да знаете
Последни објави