Search

Калин: Ппостигнати се услови за продолжување на разговорите со Грција

Турција смета дека сега се постигнати поволни услови за продолжување на разговорите со Грција, откако турскиот истражувачки брод „Оруч Реис” ги напушти спорните води на истокот на Медитеранот, изјави портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Калин на онлајн состанок рече дека враќањето на бродот во Анталија е можност за унапредување на разговорите меѓу двете земји, каде што дојде до зголемување на тензиите поради истражувањето на енергетски ресурси во источниот Медитеран.

– Таа можност треба да се искористи, а Анкара се надева дека тоа ќе биде позитивно оценето на самитот на ЕУ следната недела. Ние сакаме да свртиме нова страница во односите меѓу Турција и Грција, но исто така и во односите меѓу Турција и ЕУ, рече Калин.

Турција верува дека атмосферата е соодветна за тоа во моментот.

 – Постигнавме договор за тоа какви чекори треба да се преземат во наредните недели за продолжување на овие разговори, рече Калин. 

Треба да знаете
Последни објави