Search

Калеска-Ванчевска: Извештајот на ГРЕКО се однесува на последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

ГРЕКО го објави извештајот за Република Северна Македонија, каде се наведени 23 препораки за земјава. Она што треба да се потенцира е дека се опфатени низа неправилности како и незаконско работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во последната година од нејзиниот мандат.

Ова денеска на прес-конференција во Собранието го изјави пратениичката од СДСМ и коалицијата Снежана Калеска-Ванчевска.

Истакна дека во извештајот се посочуваат примери на корупција, кршење на човековите права, се посочува дека поранешниот премиер Никола Груевски е под истрага за нелегално финансирање на партијата, а во исто време, рече, се посочува на неправилности во доделување тендери на фирми.

Рече дека ова се само дел од неправилностите што се наведуваат во Извештајот на ГРЕКО а се однесуваат на 2017 година и порано, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

-За разлика од антидржавнит однос на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во последните две години сериозно постапува по препораките на ГРЕКО, и е посветена на реформите што се во интерес на граѓаните. Во фаза на изработка е законот за лобирање, во кој се имплементирани сите препораки на ГРЕКО, рече таа.

Калеска-Ванчевска додаде дека уште во март минатата година, Владата во рамки на планот 3-6-9 донесе насоки за избор и именување лица во извршната власт и, како што рече, како одговорна партија ги следат сите препораки од домашните и меѓународните институции и организации.

-Остануваме посветени на реализацијата на реформскиот процес што безбедува независни и професионални институции, додаде пратеничката од СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави