Search

Калараш се врати во Вардар, ама ќе почека за да се врати и во тимот

Вардаровиот дефанзивен играч од минатосезонскиот шампионски состав, Русинот Глеб Калараш се договорил со Мотор Запорожје спогодбено да го раскинат договорот и да се врати назад во јатото на „црвен-црните“. Со Вардар договориле нова соработка за идните две сезони.

Од Скопје Калараш замина на крајот од минатата сезона по освојувањето на европската, регионалната и македонската шампионска титула. Поради најавите дека Вардар нема да продолжи во европски формат, Калараш како и поголемиот дел на играчи од минатата сезонаа побрзаа да си побараат нови средини.

Вардар повторно направи тим кој ќе игра значајна улога на сите три фронта. Поради краткиот врменски рок, старо-новиот играч на Вардар, Калараш  нема да може да биде дел од експедицијата која ќе замине иднава недела на ИХФ Супер Глоуб турнирот во Саудиска Арабија. За неговото враќање во тимот ќе треба да причека.

Покрај овој играч во ростерот на „црвено-црните“ на неофицијалното светско клупски првенство нема да бидат и рековалесцентите, капитенот Стојанче Стоилов и Бразилецот Толедо.

 

Треба да знаете
Последни објави