Search

Како треба да ја миете шолјата за кафе на работа?

Ако на вашето работно место имате простор за подготвување кафе, како заедничка мини кујна, тоа значи дека на работа чувате и сопствена шолја за кафе.

 

Секако дека редовно ја миете шолјата за кафе, но ако тоа го правите со заедничкото сунѓерче за садови, тука правите голема грешка.

Експертите за јавно здравје велат дека со тоа повеќе се изложувате на бактерии отколку да ја измиете чашата само со вода.

Проблемот е во тоа што на овие сунѓерчиња се собираат многу бактерии, ги користат многу луѓе, а не можете да знаете дали паднало на под и што сѐ колегите измиле и избришале со него.

На тој начин ги пренесувате бактериите на шолјата од која наредниот ден пак ќе пиете кафе.

Се препорачува шолјата темелно да ја измиете со вода (ако имате топла вода на располагање, уште подобро) и потоа да ја исушите со хартиен бришач. Добро е еднаш на неколку недели да ја полиете со врела вода.

По можност чувајте ја некаде каде што нема да има можност и некој друг да ја користи вашата шолја.

Треба да знаете
Последни објави