Search

Како славниот актер ја преболе најубавата жена во светот?

Францускиот актер Винсен Касел беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи. По 14 години брак и две ќерки, парот се разведе. Многумина се прашуваат како успеа актерот да ја преболи оваа фатална убавица.

Денес, Касел очекува дете со сегашната сопруга, манекенката Тина Кунакej која е помлада од него цели 30 години.

Запрашан за тоа како успеал да ја преболи Белучи, Касел одговори:

„Порано страдав повеќе, знаете, понекогаш мора да страдате за да направите нешто интересно. Животот и така е тежок за да барате уште страдање. Се трудам да уживам во тоа што го правам бидејќи ми се чини дека најдобро се запознаваме себеси додека се забавуваме. Моите сништа се многу едноставни. Здравје, деца, барем десетина, и доволно пари за да бидам слободен, бидејќи на крајот сè се сведува на слободата“, вели Касел.

Треба да знаете
Последни објави