Search

Како руската пропаганда се обидува да ја скрие осудата од светските лидери за Холодомор во Украина

Лажна фотографија од посетата на полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Кијив беше распространета низ руските Телеграм канали, пренесува Укринформ.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки всушност не положи цвеќе на споменикот на Степан Бандера за време на неговото патување. Оваа дезинформација беше распространета низ проруските канали на Телеграм, социјалните мрежи управувани од пропагандни експерти и онлајн медиуми.

Ова положување цвеќе не би можело да се случи како такво бидејќи во Кијив нема споменик на Степан Бандера. Бистата, која е прикажана на лажната фотографија, се наоѓа во селото Коживка, Тернопилската област.

Фотографијата на Матеуш Моравјецки е преземена од вистинска слика објавена на официјалната Фејсбук страница на Амбасадата на Република Полска во Кијив. Едноставно беше исечено, пресликано и надредено во Ptohoshop на фотографија од споменикот Бандера пронајдена на Википедија.

Во објавата, пропагандистите ги споменуваат настаните што се случија во Волин во 1940-тите, обидувајќи се да ги спротивстават Украинците против Полјаците бидејќи трагедијата во Волин е заедничка болка на двата народа. Руската пропаганда го поместува акцентот од вистинските цели на посетата.

Во исто време, лажна фотографија може да се користи за да се создаде јавнo негодување во Полска – така што под притисок на јавна осуда, полската влада да ја намали поддршката за Украина.

Всушност, полскиот премиер го посети споменикот на жртвите на Холодомор од 1932-1933 година, каде положи симболичен букет пред Споменикот на жртвите на големиот глад. Ова го наведува полската амбасада во Украина на Фејсбук.

Од 2022 година, вкупно 22 земји во светот го признаа Холодомор како геноцид врз украинскиот народ, вклучително и Република Полска.

Подготви: Д. Мишев

Извор: Цивил Медиа

Треба да знаете
Последни објави