Search

Како може Боки да е обвинет дека во ноември 2017 ги трошел парите кои ги зел со изнуда во април 2019

Во Кривичниот суд денеска одбраната на Бојан Јовановски Боки 13  и на Катица Јанев ги даваат завршните зборови за случајот Рекет.

Адвокат на Боки, Сашо Дуковски во завршниот збор рече дека завршните зборови на обвинителката Вилма Русковска не вреди да се коментираат оти со нив ништо не е докажано само како кафе муабет.

– Рускоска рече дека ова по 27 Април е најтешкиот предмет што го водела, но ако е тоа навистина така овој предмет е брутално насилие, без борба со аргументи и презентација на докази. И ако нешто е битно за ОЈО ако го кажале со висок тон треба да не увери дека тоа е така. Докази не видовме, само снимка од пет секунди на која се гледаат банкноти од по 50 евра и обвинет кој носи торба лесна како перо. Во оваа постапка нема “П” од правна прагма, нема право само буквална политика оти така некој замислил дека така треба да се води. Дајте му на народот леб и игри и тргнете го вниманието од работите важни за битисување на државата. Се криеа докази, не ни се даваа на увид оти така сакал некој, брутално се кршеше законот. Сите бевме сведоци  како во завршните зборови преку мала врата се обиде да протне доказ преку видео и низ целиот предмет се покажуваше фамозната торба за да Боки однапред се осуди од јавноста, рече Дуковски.

Тој рече дека не може да прифати една работа, што не е прифатливо за обичен човек а не за правник.

– Правен нон сенс е случајот да се суди за перење пари, а не е завршен предметот за изнуда. Како може во точка 2 од обвинението за перење пари да стои дека парите ги стекнал со криминални дејанија од ноември 2018 до април 2019, а во истото обвинение стои дека парите ги трошел од ноември 2017 година. Така може да се гони и за убиството на Кенеди, рече Дуковски.

Според него, се криеа докази, тој ги видел само изјавите на Бојан, а не на Јанева или Кичеец, а него по телефон му се јавувале да му ги продадат.

-На снимките не видовме никаде дека Боки ги примил парите, а торбата во која наводно имало милион евра во банкноти од 50 евра, таа, според спецификациите на Европската банка, истите би требало да тежат најмалку 19 килограми, а торбата Кичеец ја носи кско перце. Од друга страна, Камчев е таков човек што сигурно би ги обележал парите, а секако би имал и снимка на која се гледа дека Боки ги зема парите, па очигледно дека е фингирана снимка, рече Дуковски.

Адвокатот му замери на Судот што не прифатил дополнително вештачење на мобилните телефони што го побарал Боки, кој исто така понудил лозинки за заклучениот Ајфон на Кичеец, кој поради тоа не бил вештачен.  Тој забележа дека судечкиот совет прифатил докази кои ги предложило ОЈО, како на пример ауди снимки од едно место, а со видео снимки од друг настан.

-Во еден момент видовме снимка од ресторан во кој седи Кичеец со адвокат и брат на врвен политичар, а обвинителката веднаш ги брани и не убедува дека се непознати лица, а сите добро знаеме кои се истите, рече Дуковски.

 

Треба да знаете
Последни објави