Search

Како Меган Маркл и принцот Хари му се најдоа на мета на Доналд Трамп? 

Американскиот претседател се огласи на Твитер дека нема да им плаќа обезбедување на Хари и
Меган.

Претседателот на САД Доналд Трамп се огласи на Твитер по преселбата на Меган Маркл и принцот
Хари од Канада во Лос Анџелес.
Твитот на Трамп гласи:

„Јас сум голем пријател и почитувач на Кралицата и Обединетото Кралство. Беше кажано дека
Хари и Меган, кои ја напуштија Велика Британија, ќе живеат во Канада. Но, сега тие ја
напуштија Канада за САД, како и да е САД нема да плаќа за нивно обезбедување и заштита. Тие
мора да си платат.“

Но, портпаролот на Меган и Хари брзо потоа се огласи и кажа дека парот воопшто немал намера да
бара од САД такво нешто и дека приватно планираат да си ги покријат трошоците за обезбедување.
Инаку додека живееја во Ванкувер, Канада, полицијата им помагаше со обезбедувањето…

Преземено од crnobelo.com

 

Треба да знаете
Последни објави