Search

Како изгледа жена со научно докажано најубаво тело на светот

Доаѓаме во различни форми и големини и без разлика како изгледа нашето тело, треба да го сакаме. Сите наши облини, несовршености и лузни ги прават нашите тела уште попосебни – во начинот на кој ја обележуваат нашата индивидуалност.

Сепак, една студија откри какво женско тело им се допаѓа и на мажите и на жените. Научното совршено тело припаѓа на позната 40-годишна актерка и модел.

Резултатите од едно истражување откриваат дека женското тело, кое луѓето од двата пола најмногу го сакаат, е она на британската актерка и модел Кели Брук.

 

Според истражувањето на Универзитетот во Тексас, Брук (40) го има она што се смета за научно најсовршено тело во светот.

Научниците открија дека идеалното женско тело има висина од 1,68 м., а обемот на бистата, половината и колковите е 99 x 63 x 91 cm, што речиси точно се совпаѓа со мерките на актерката.

И покрај фактот дека има научно докажана најубава фигура, Брук вели дека безброј пати во текот на својот живот била жртва на потсмев и срам поради телото. На пример, кога Брук (чие вистинско име е Кели Ен Парсонс) сподели своја фотографија во бикини на Инстаграм во летото 2017 година, луѓето оставаа злобни коментари нарекувајќи ја „кит“ и дека „се здебелила“.

Брук на своите хејтери им одговори на Твитер: „Имам убави и паметни луѓе кои ме следат на социјалните мрежи и со кои сакам да разговарам. Нема да дозволам негативноста на неколкумина да ме спречи да објавувам“.

Фигурата на актерката е далеку од ултраслабите модели со кои често нè бомбардираат некои медиуми. Гледањето во неа е исто така одличен потсетник дека не треба да тежите 46 килограми и да бидете висока 1,82 цм. за да ве сметаат за убава.

Треба да знаете
Последни објави