Search

Како да ја избегнете монотонијата во вашето секојдневие?

Без експериментирањето, истражувањето и подготвеноста за нови работи нема успех.

Сакајте го она што го работите и почитувајте ги луѓето со кои соработувате, е пораката од неодамна починатиот американски готвач и патеписец, кој тврди дека токму тоа е клучот за среќата на работа.

Авторот на бестселер започнал со пишување на колумна за бесплатниот локален весник. Токму оваа работа, како што вели тој, му ја отворила вратата кон успехот, мислејќи дека неговите колумни никој не ги чита, бил потполно ослободен од притисок од јавноста.

Клучот за среќата и успехот

Престанете да се оптеретувате за она што луѓето ќе го мислат за вас и вашите постапки, престанете да се оптеретувате за она што околината го очекува од вас и дали тоа ќе и се допадне. Бидете она што навистина сте, бидејќи тоа е клучот од среќата, но и од успехот, напоменува тој.

Од профитот, додава тој, многу е поважно работата која ја работите да ви биде предизвик, во неа страствено да уживате и воедно добро да се забавувате.

Без експериментирањето животот станува досадна реприза

Кога ќе дојдете до целта, не застанувајте. Без потрагата по нови идеи за успех ќе стагнирате, без експериментирањето, истражувањето и подготвеноста за нови работи, вашиот живот ќе стане досадна реприза.

Треба да знаете
Последни објави