Search

Како да победите во секоја расправа?

Дури и ако не сте тип кој сака да се расправа, понекогаш е неизбежно да налетате среде некоја расправа. Но, како од неа да излезете како победник? Тоа најдобро го знаат правниците.

 

Одвоивме неколку совети од правници кои со факти посочуваат како од расправија да излезете како победник.

1. Треба да знаете поради што се карате

Кога емоциите се вклучени во расправија, многу лесно се губи причината за караница. Ејми Хонан, која е специјалист во областа на семејно право, вели дека од клучно значење е однапред да ја испланирате дискусијата. Првин смислете неколку поенти кои сакате да ги изнесете, а разговорот започнете го со најсилниот аргумент.

2. Внимавајте на емоциите

Предизвик е да останете со ладна глава во бурна расправа, и без разлика колку ви се вика на цел глас, треба да останете да зборувате со смирен тон и со факти.

„Луѓето често грешат во тоа што дозволуваат расправата да стане лична и после не знаат да се вратат на тоа што сакале да го кажат“.

Затоа не дозволувајте емоциите да управуваат со вас.

3. Говорот на телото

Истражувањата покажале дека одржувањето на контактот со очи во текот на расправа може да ја подгрее расправата уште повеќе. Дури и облеката што ја носите може да ви помогне да се чувствувате подобро бидејќи ја крева самодовербата. Држењето на телото исто така е важно, ќе имате поголем авторитет ако стоите гордо и исправено.

4. Запишете што сакате да кажете

Додека некои луѓе подобро се изразуваат во вербална комуникација, други подобро се изразуваат преку пишување. Можете клучните точки што сакате да ги искажете да ги запиштете на хартија и така ќе бидете поконцизни. Кога станува збор за онлајн  дискусиите во кои луѓето денеска сè почесто учествуваат, поефикасно е да имате „мирен“ јазик отколку агресивен пристап со навредлив тон. Користењето на статистика и бројки со докажани примери кои говорат во ваш прилог е добитна комбинација за да победите во онлајн расправа, односно дискусија.

Треба да знаете
Последни објави