Search

Како да губите килограми без вежбање и без диети?

Доколку сакате да изгубите вишок килограми, но тешко се држите до одреден режим на исхрана и вежбање, тогаш овие совети ќе ви помогнат во намерата. Колку што е важно губењето килограми, толку е важно и спречувањето на новите килограми.

 

Постојат неколку начини кои докажано помагаат да се намали внесувањето на калории, а овие совети ќе ви помогнат во тоа.

1. Јадете многу протеини

Протеините имаат големо влијание на апетитот, го зголемуваат чувството на ситост, го намалуваат чувството на глад и помагаат да внесувате помалку калории. Протеините делуваат на неколку хормони кои играат важна улога кога станува збор за ситост и за глад. Едно истражување покажува дека зголемувањето на внесот калории од 15 на 30 проценти калории им помогнало на луѓето да внесат 441 калории помалку дневно и да изгубат во просек 5 килограми за 12 недели, без рестрикции кога станува збор за видовите храна. Затоа јајцата се одличен избор на појадок. Дебелите жени кои јаделе јајца за појадок внеле помалку калории за ручек, но и во наредните 36 часа. Храна богата со протеини се пилешко месо, говедско месо, риба, кисело млеко, јогурт, сирење, грав, леблебија и слично.

2. Редовно пијте вода

И водата помага помалку да јадете и да слабеете, особено ако пиете вода пред оброк. Едно истражување покажа дека луѓето кои пијат вода половина литар 30 минути пред јадење чувствуваат помалку глад и внесуваат помалку калории, оние кои во текот на истражувањето пиеле вода пред јадење изгубиле 44 проценти повеќе од телесната тежина во текот на 12 недели во однос на оние кои не го правеле тоа. Заменете ги калоричните пијалаци со вода и ќе ја забележите разликата.

3. Спијте доволно и избегнувајте стрес

Кога станува збор за здравјето луѓето неретко го занемаруваат квалитетниот сон и стресот, два фактори кои имаат огромно влијание на апетитот и тежината. Недостатокот на сон негативно влијае на хормоните кои влијаат на апетитот. Нивото на кортизол се зголемува ако сте под стрес. Промените на овие хормони го зголемуваат чувството за глад и желбата за нездрава храна, што на крајот резултира со внесување многу калории. Хроничниот недостаток на сон и стресот претставуваат ризик за многу болести, како дијабетес тип 2 и дебелина.

4. Жвакајте ја храната бавно и долго

На вашиот мозок му е потребно време да регистрира дека доволно сте изеле. Жвакањето храна доволно долго резултира со побавно јадење, а тоа се поврзува со помало внесување на храна, помали порции и чувство на ситост. Колку брзо јадете исто така влијае на вашата телесна тежина. Истражувањата покажуваат дека оние кои брзо јадар имаат поголеми шанси да се здебелат од оние кои јадат побавно.

5. Јадете храна богата со влакна

Ако јадете храна богата со растителни влакна подолго ќе бидете сити. Влакната помагаат во губитокот на вишокот килограми, се претвораат во гол во контакт со вода, а тој гел го зголемува времето на впивање и го забавува празнењето на желудникот. Храна богата со влакна се билките, портокалите, семињата и слично

Треба да знаете
Последни објави