Search

Како да го зајакнете имунитетот на вашето дете?

Престојот во градинка или училиште се идеална подлога за појава на настинка и грип, па затоа треба да се зголемат мерките на претпазливост за да го заштитите имунитетот на вашето дете.

Витаминот Ц го крати времетраењето на настинките. Витаминот Ц може да се најде во лимонот, свежите пиперки, свежата зелка.

На вашето дете подгответе му една чашка цеден сок од портокал, бидејќи една чашка од 225 милилитри во себе содржи 124 милиграми витамин Ц, што е потребната дневна доза од овој витамин.

За правилно функционирање на имуниот систем неопходен е цинкот, кој можете да го најдете во бразилските ореви и бадеми. Ако детето не може да јаде бадеми или ореви, подгответе му грашок или боранија.

На децата кои се постари од седум месеци можат да им помогнат чаеви со олеснување на симптомите на грипот и зајакнување на имунитетот, бидејќи во себе содржат витамин Ц и антиоксиданси.

Исто така, се препорачува и авокадото поради здравите масти и витамините Б и Ц, како и лукот.

Совет е лукот да се јаде во непреработена сирова состојба, бидејќи во тој случај лековитите својства можат максимално да бидат искористени.

Треба да знаете
Последни објави