Search

Како да го зачувате добриот вид?

Во светот доминиран од екрани и монитори, тешко е да се одржи окото одморено, а тоа најчесто има негативни последици на видот. Со неколку мали промени во животните навики ќе успеете да го сочувате добриот вид во годините кои доаѓаат.

 

За да го зачувате видот во добра форма, почнете да водите грижа за себе од овој момент.

Здравата исхрана е првиот чекор до здрави очи и добар вид. Витамините А, Ц и Е, како и минералите цинк и бакар се од пресудна важност за видот. Антиоксидансите како бета-каротин и лутеин ја штитат макулата (жолта пега) од оштетувања кои можат да бидат причинети од сонцето.

Што треба да јадете? Темнозелен лиснат зеленчук, жолта пиперка, моркови, тиква, брокула и слично. Научните истражувања покажуваат дека консумирањето на зеленчук со жолта и зелена боја ги спречуваат оштетувањата на макулата кои се предизвикани од стареење.

Намирниците богати со сумпор, цистеин и лецитин штитат од катаракта, а одличен избор се и белиот и црниот лук, капар и празот. Во исхраната би требало да вметнете и боровница, лосос, скуша и сардина, бидејќи тие содржат незаситени масти кои меѓу другото се добри и за очите.

Но, исхраната не може да ви биде единствениот избор на заштита на видот. Обидувајте се редовно да ги вежбате очите за да ја подобрите нивната издржливост и да го зајакнете очниот мускул. Во продолжение, можете да погледнете неколку вежби кои можете да ги направите самите во удобноста на вашиот дом.

Треба да знаете
Последни објави