Search

Како да ги ублажите симптомите на настинка кај бебето?

Новородените бебиња многу лесно можат да настинат, со што се забавува нивното дишење. Затоа е многу важно соодветно да ги стоплите. Нормалната телесна температура е околу 37 степени и е најдобар показател дали на бебето му е претопло или студено.

 

Всушност, за бебето идеална е температурата на вашето тело и совршено би било кога новороденчето би можеле често да го држите во прегратка, во контакт со кожата особено кога доите.

Доколку забележите дека е настинато, еве како може да ги ублажите симптомите:

1. Течење на носето

Најдобро е да го поставите бебето на стомаче така што главата лесно ќе виси, а секретот од носето ќе може да истече надвор. Никако не го ставајте бебето во оваа положба навечер, во текот на спиење.

2. Редовно чистете го носето

Ако бебето е помало од 3 месеци избегнувајте пумпица за влечење секрет. Редовна хигиена може да правите со солен раствор купен од аптека. Можете и самите да приготвите солен раствор, треба растворите една четвртина лажиче сол во 250 мл топла вода. Секогаш правете свеж раствор пред употреба.

3. Доење

Доколку доите, хранете го бебето почесто во текот на настинка бидејќи настинатото бебе губи доста течности, а со доењето му ги давате потребните антитела кои бебето не може самото да ги создава.

Новороденчињата дишат на нос, односно потешко дишат на уста. Затоа, затнувањето на носето за нив е сериозен проблем кој може да се манифестира со отежнато дишење. Освен тоа компликациите на респираторните инфекции како што се воспаление на средното уво или воспаление на белите дробови се случуваат многу полесно кај бебиња стари неколку месеци и траат подолго отколку кај поголемите деца и возрасните.

Затоа е важно бебето да има контакт исклучиво со здрави луѓе, во своја близина да нема луѓе кои киваат, кашлаат или ги боли грлото.

Доколку и покрај сите преземени мерки бебето добие респираторна инфекција најдобро е да го однесете на преглед кај педијатар. Не треба да се даваат никакви лекови на своја рака, како сирупи, чаеви, капки за нос и слично.

Треба да знаете
Последни објави