Search

Какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази?

СЈО и Владата на Зоран Заев немаат веќе никаков кредибилитет. Катица Јанева рекетирала заедно со Бојан Јовановски односно Боки 13, а пола Влада стоела позади нив и им го чувала грбот, вклучително и Зоран Заев, тоа го слушнавме и во видео снимките, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Случајот „Рекет“ ја разоткри најголемата криминална мрежа во Македонија, каде што се вмешани врвот на Владата, пратеници, министри, обвинители, исто така и истражители. Сите се дел од мрежа преку која рекетирале милиони евра и уценувале политички неистомисленици. Зоран Заев во својата изјава кога кажа дека нема намера неговата влада да ја бутнат криминалци и суетни новинари, тој самиот за Катица Јанева изјави дека правела идиотски постапки, согласно доказите што тој ги имал. Потенцирам, Зоран Заев имал докази во врска со случајот „Рекет“ и изјавува дека Катица Јанева правела идиотски постапки. Како е можно Премиерот на државата кој не треба да се меша во судската власт да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видео снимките кои ги виде целата јавност каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените?, вели Арсовски.

Тој прашува какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази?

-Зошто Заев доколку поседува докази не е повикан ниту за сведок, иако според видеата кои што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во целиот случај „Рекет“? За кои случаеви Зоран Заев има докази, дали можеби за рекетот кон бизнисмените, или пак за рекетот кон зетот на Фијат Цаноски кој можеби платил пари за да му се повлече обвинителен акт или пак можеби за некој нов случај за кој јавноста сеуште не го знае? Иако знаеме дека рекетирани биле десетици бизнисмени и биле земени десетици милиони евра. Дали Зоран Заев свесно манипулира со доказите и преку своето влијание во Судот сака да се заштити и тој самиот во случајот во кој целата јавност виде дека е вмешан и споменуван во видеата?

Зоран Заев е готов и тој повеќе нема кредибилитет да води влада. Зоран Заев и СДСМ ја уништија Република Македонија и единствено што видовме и гледаме се уште во моментов од нив е криминал, криминал и само криминал. Потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо, за веднаш потоа да се случи обнова на Македонија која што е најпотребна во моментов, рече Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави