Search

Каква зима не очекува?

Просечни температури и врнежи со мало надминување на просекот не очекуваат во претстојната зима 2018/2019 година. Метеоролозите очекуваат поголема количина врнежи до 25 отсто над просекот во источните делови од земјата.

Зимата годинава во Македонија и северната хемисфера ќе почне на 21 декември во 23 часот и 23 минути.

– Во Македонија, најголема веројатност постои просечната температура на воздухот за зимата 2018/2019 да биде во рамките на просечните вредности и малку над просекот. Тоа значи, очекуваните вредности  да бидат во рамките на стандардните девијации, односно се од  -1.5°С во Маврово до 5.0°С во Гевгелија, -1.1°С во Лазарополе, -0.3°С во Берово, 0.9°С во Битола, 1.0°С во Крива Паланка, 1.3°С во Прилеп, 2.0°С во Скопје, 2.3°С во Струмица, 2.5°С во Штип, 2.7°С во Охрид и 3.1°С во Д.Капија, информираат за МИА од УХМР, додавајќи дека евентуалните вредности над просекот нема да надминат 1.0-2.0°С.

Во поглед на врнежите, според Управата, постои консензус дека глобалните климатски показатели не даваат јасен сигнал за веројатноста количината на врнежите во текот на зимата да е под, над или со просечна вредност.

-Сепак, додаваат, предвидувањата се дека зимава врнежите ќе бидат просечни или малку над просекот. Во апсолутни вредности, за Македонија очекуваните врнежи се од 50 до 100мм/м2 месечно или од  100-350мм/м2 за целата сезона. При тоа, во источниот дел од државата тие ќе се до 25% над просечната вредност.

Метеоролозите напоменуваат дека е можна појава на подсезонски настани и дека е можна појава на зимски непогоди како зимски бури, многу ладни или многу влажни епизоди, кои се појавуваат одненадеж и кои можат да доведат до значителни локални социо-економски влијанија.

Просечна температура во зима од -1.5 С во Маврово до 5.0 С во Гевгелија

Во Македонија во текот на зимата средните месечни температури на воздухот се негативни за повисоките планински места, и над нулата во рамничарскиот дел. Зимската средна температура во Гевгелија изнесува 5.0С, во Скопје 2.0С, а во Берово -0.3, во Лазарополе -1.1 и во Маврово-1.50С.
Просечната сума на врнежи во зима се движи од 322мм Лазарополе, 315мм во Маврово, 206мм Гевгелија, 179мм Битола, 110мм Скопје и во Штип 91мм.

Средните месечни температури на воздухот во зимските месеци се негативни за повисоките планински места, и над нулата во рамничарскиот дел од Републиката. Така, зимската средна температура во Гевгелија изнесува 5.00С, во Скопје 2.00С, а во Берово -0.3, во Лазарополе -1.1 и во Маврово-1.50С.

Најмногу врнежи има во Лазарополе – 65 денови паѓа снегПросечната сума на врнежи во зима, пак, се движи од 322мм Лазарополе, 315мм во Маврово, 206мм Гевгелија, 179мм Битола, 110мм Скопје и во Штип 91мм.

Првата појава на снег во просек се забележува на 26 ноември во Скопје, на 2 декември во Штип, на 23 ноември во Битола, во Берово на 15 ноември, Маврово на 3 ноември, Крушево на 4 ноември, Лазарополе на 30 октомври, Попова Шапка на 18 октомври итн.

Најмногу денови со врнежи од снег во текот на зимата има во Лазарополе 65 денови, а најмалку во Гевгелија пет дена.Просечно првата снежна покривка во Скопје се јавува на 10 декември, во Штип 9 декември, Битола 2 декември, Берово 21 ноември, Маврово е 11 ноември, Крушево 15 ноември, Лазарополе 4 ноември, Попова Шапка 20 октомври итн.

Просечен број на денови со снежен покрив во Скопје изнесува 11 денови во јануари.Најмногу врнежи измерени во текот на зимските месеци, како што ни посочуваат од УХМР, е во Гевгелија и изнесува 130 мм на метар кубен.Најстудено било на 27 јануари 1954 година со измерени -31.6С

Најниска температура што е регистрирана на територија на Република Македонија е -31.60 С во Берово на 27 јануари 1954 година. Тој ден во Битола се измерени -29.40С, Лазарополе-23.00С, Скопје-Петровец 19.60 С, Гевгелија 11.00С, Штип -22.7 С…

Ниски температури под 20 степени се измерени и на 7 јануари 1993 година кои се движеле од -30.4 С во Битола, -27.3 С во Струмица, -24.6С во Скопје-Петровец, -23.2 С во Демир Капија, -21.5С во Берово и -20.8 0С во Штип итн.

Во 2001 година, во декември исто така, се забележани екстремно ниски температури. Во периодот од 19-21 декември апсолутните минимални температури во Републиката изнесувале -25.5°С во Струмица, -24.6°С во Берово,  -22.7°С во Прилеп, -22.0°С во Штип, -21.7°С во Демир Капија, -19.9°С Маврово, -19.0°С К.Паланка, -16.6°С Скопје и -10.6°С Гевгелија.

Најниската темпратура измерена во Скопје изнесува -26.6 С на 13 јануари 1985 година.Студен бран со температури над минус 20 степени имаше и во 2016 година.

Минатата зима (декември 2017-јануари 2018) беше потопла од вообичаено, споредено со многугодишните вредности за степен до два, а во Битола дури за три степени. Количеството на врнежи исто така беше надпросечно, на некои места и двојно повеќе од просекот. И покрај тоа, се наведува дека регистрирани се денови со ниски температури, така што најниската апсолутно минимална температура на воздухот минатата година е забележана во Маврово од -13.0°С, потоа во Берово -12.9°С, во Лазарополе -12.5°С, во К.Паланка -10.0°С, во Скопје -8.5°С, во Прилеп и Штип -7.5°С, во Битола -7.4°С, во Струмица и Д.Капија -6.8°С, во Гевгелија -6.4°С, а во Охрид -6.1°С.

Треба да знаете
Последни објави