Search

Казни од 20 евра за 12 луѓе кои не носеле заштитни маски во тетовско

Во изминатите 24 часа на подрачјето на тетовскиот регион, полицијата изрекла 12 прекршочни санкции односно казни од по 20 евра за лица кои не носеле заштитни маски за лице, информираат денеска од СВР Тетово.

Во рамки на контролата на ограниченото движење, евидентирано е дека 10 лицa не ја почитувалe одлуката.

-Десет лица биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци за непостапување според прописите за време на епидемија од член 206 од Кривичен законик, потенцираат од тетовската полиција.

Во изминатото деноноќие нема нови лица кои се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а  биле контролирани вкупно 156 лица. Нема нови решенија за самоизолација, а немало ни луѓе за контрола за таа мерка

Треба да знаете
Последни објави