Search

Казни за 24 прилепчани, 17 тетовци и крушевчанец за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози  за издавање казнени налози против 24 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството поведе постапка и против едно лице од Крушево, па до Основниот суд Крушево поднесе предлог за издавање казнен налог заради непостапување според донесената забрана за движење на населението на територијата на државата во определени временски периоди.

Обвинетите го прекршиле полицискиот час во Прилеп и во Крушево, па обвинителството за секого од нив предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот, со што постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Надлежното обвинителство на Судот за сите обвинети предложи парични казни во висина од по 100 дневни глоби.​

Треба да знаете
Последни објави