Search

Казни за осумина велешани, битолчанец, штипјанец и четворица од Делчево за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе  предлози за издавање казнени налози со кои опфати вкупно четири лица.

Едно лице е обвинето за кривичното дело бидејќи не ги почитувал наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да го напушти престојувалиштето, обвинетиот не бил пронајден при вршење на контрола. Три лица се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата. За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност.​

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против 8 лица, кои го сториле кривичното дело- Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во текот на викендот на 28 и 29.03.2020 година постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режин на движење од 21 до 5 часот наредниот ден, на територијата на Република Северна Македонија, донесена од Владата на РСМ. Во наведениот временски период, обвинетите во одделни кривично правни настани, со патнички автомобил или пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес. Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно, вкупно по 800 евра во денарска противвредност.

Битолското обвинителство поднесе преддлог против лице од Битола. Обвинетиот на 5 април, вo 19:50 часот, во Битола, за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

Oдносно, тој не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија донесена од Владата на Република Северна Македонија па и покрај мерките со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, се движел по улицата „9-та“ каде бил затекнат од страна на полициски службеници од СВР – Битола.

За стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, битолското обвинителство на судот му предложи на обвинетиот на му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Штипското обвинителство денеска побара парични казни во висина од по 100 дневни глоби , секоја од нив со висина од по 20 евра во денарска противвредност за три лица кои го прекршиле полицискиот час.

За обвинетите се поднесени предлози за издавање казнени налози, бидејќи за време на епидемија не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување односно Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие во одделни кривично правни настани, пеш или со патнички возила се движеле низ Штип на 25 и 26 март. Со тоа го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.​

Треба да знаете
Последни објави